Home » Во фокусот » Нова аквизиција на Publicis, ja купија ETO водечката француска CRM компанија

Нова аквизиција на Publicis, ja купија ETO водечката француска CRM компанија

Публицис Групацијата, една од водечките комуникациски агенции, продолжува со новите аквизиции.

Пред извесно време пишувавме дека изнакупија еден куп social media агенции, меѓу кои и Net@lk водечката кинеска агенција, а денеска ни стигна и веста дека нивна нова компанија станува и ETO, која важи за најдобра CRM (Customer Relationship Management) и Data агенција во Франција.

eto france

ETO е формирана во 1985 година од Jean Derreumaux и Nicolas Leconte, вработува 220 луѓе, има две канцеларии во Лил и Парис и се смета за една од најспецијализираните агенции за анализа и менаџирање со податоци.

Портфолиото на ETO вклучува листа од околу 40 брендови меѓу кои и Orange, LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy), TOTAL, GO Sport и Sephora.

Со купувањето на ETO се претпоставува дека Publicis на големо се спрема за инвестиции во развојот на услуги за CRM кои сака да им ги понуди на своите клиенти низ светот и влез на Big Data пазарот како сериозен играч и конкурент.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365