Home » Digital » Нова алатка на Google за пребарување на податоци наменета за истражувачи и новинари

Нова алатка на Google за пребарување на податоци наменета за истражувачи и новинари

Google го лансираше новиот специјализиран истражувач чија цел е да им помогне на новинарите и истражувачите да пронајдат јавни достапни сетови на податоци.

Google Dataset Search го користи препознатливиот дизајн и начин на пребарување на Гугл, за да им помогне на новинарите, научниците и другите истражувачи во пребарувањето на јавно достапни сетови на податоци.

Алатката е моментално во бета верзија и вклучува податоци од различни владини агенции, информации за времето и сетови на податоци од новински организации, а ги собира од дигитални библиотеки, владини бази на податоци и лични веб-страници.

Google оваа година направи неколку чекори за подобрување на пребарувачот за потребите на новинарите, како што е подобрено прикажување на табеларните податоци и персонализација и полесно откривање на вести во Google News.

Google Dataset Search можете да го испробате тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365