Home » Digital » Нова апликација која ги носи Бекам, Меси, Нејмар и другите фудбалски ѕвезди поблиску до фановите

Нова апликација која ги носи Бекам, Меси, Нејмар и другите фудбалски ѕвезди поблиску до фановите

 

Дејвид Бекам, Лионел Меси и Нејмар Џуниор се само дел од големите фудбалски имиња кои се појавуваат во премиерниот промотивен спот за новата апликација Otro – дигитална стартап платформа која ќе ги поврзува фудбалските ѕвезди директно со нивните фанови.

Апликацијата има за цел да помогне во поврзувањето на ѕвездите на современата фудбалска игра со нивните фанови преку споделување на содржини, интервјуа и документарци за животот на ѕвездите надвор од спортските терени. Апликацијата ќе работи врз основа на месечна претплата од 3.99 долари.

Агенцијата R/GA стои позади водечката креатива, стратегијата и дизајнот на корисничкото искуство за апликацијата Otro, додека пак агенцијата Havas Лондон работеше на кампањата за лансирање на производот. Стилскиот и високо-енергетски рекламен спот е дело на режисерот Хенк Перлман од продукциската куќа Hungry Man и прикажува девет фудбалски ѕвезди во животни сценарија надвор од теренот: Бекам работи во канцеларија, Меси одбира костум, Нејмар свири на пијано, Деле Али игра видео игри, Бенџамин Менди танцува во џакузи итн. Спотот завршува со Зинедин Зидан кој затвора книга и изговара „Otro“ (Што на шпански значи „други“).

Апликацијата ќе биде промовирана преку онлајн социјалните профили на фудбалерите, со што, според зборовите на компанијата, би се достигнал потенцијален органски досег од 1 милијардна корисници, како и преку платена промоција на социјалните медиуми во Шпанија, Италија, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Бразил, Аргентина, САД, Мексико, Индонезија, Турција и Египет.

„Фудбалските фанови ширум светот сакаат подлабока конекција со нивните херои и тука е улогата на Otro. Апликацијата ја дизајниравме специјално за да претставува заедница каде фанови и играчи ќе комуницираат директно. Овие играчи се основачите на Otro и сега ги покануваат своите фанови да се приклучат на нивниот социјален клуб,“ изјави извршниот генерален директор на Otro, Џереми Дејл, по повод лансирањето на рекламната кампања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365