Home » Во фокусот » Нова кампања на Киндер за малите моменти кои кратко траат, но кажуваат сè

Нова кампања на Киндер за малите моменти кои кратко траат, но кажуваат сè

Неколку агенции од Publicis Groupe во Италија започнаа нова кампања за Киндер, со што овој бренд за прв пат на глобално ниво го лансираше својот нов слоган, „A little, a lot“.

A little, a lot” претставува синтеза на новата стратегија на брендот, која има за цел да го направи брендот и неговите производи порелевантни за родителите на милениумската генерација.

Во срцето на новата комуникациска кампања е едноминутно видео кое ќе се емитува во неколку земји низ светот. Тоа е вистински манифест во кој брендот се залага за љубовта кон оние мали моменти, убави или не толку убави, навидум безначајни, кои го дефинираат односот помеѓу родителите и децата.

Кампањата, која, покрај едноминутното видео, ќе има пократки видео формати, содржнии и елементи за дигиталните и социјалните канали. Првите земји во кои кампањата ќе биде прикажана онлајн се Франција, Русија, Германија и Италија. Во Италија, кампањата започна на 20 јануари.

Филмот беше креиран од креативниот тим на Публицис под раководство на Давид Боскачиа, а продуциран од продукциската куќа Filmmaster Productions, во режија на Винсент Хајкок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365