Home » Во фокусот » Нова кампања на McCann Осло и Пежо

Нова кампања на McCann Осло и Пежо

Во текот на 2017 година, McCann Осло и Пежо отпатуваa во Норвешка, од исток до крајниот север, во потрага убави предели кои го одземаат здивот. Резултатот е проектот OmVeier (Detours) – кој е преточен во различни формати, од печатени книги полни со возбудливи искуства кои ги овозможуваат норвешките патишта, до реклами и содржини на социјалните мрежи за цела година.

Соработниците на проектот, фотографот Sverre Hjørnevik и писателот Hallgeir Opedal, добиле задача да ги документираат сите локации и да ги инспирираат читателите да се вклучат во вистинска авантура во сопствената земја. Собраниот материјал стана основа за создавање на содржина на социјалните мрежи и за меѓународна реклама за Пежо – а во Норвешка, сите нови сопственици на Пежо добиле свој примерок од книгата “OmVeier” со цел уште повеќе да уживаат во километрите што им претстојат.

“Ние ги сакаме нашите автомобили, но многу повеќе го сакаме она што тие го прават за нас. Ова е дел од нашата стратегија со кој го негуваме чувството на слобода што Пежо ги нуди, а во исто време го приближуваме брендот на норвешкиот пазар”, додаде Ларс Руд, маркетинг директор Peugeot Citroën DS.

Погледнете за што се работи: http://kampanje.peugeot.no/web/faces/public/exo/omveier

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365