Ова видео е дел од иницијативата за еколошки одржливо работење на познатиот бренд на автомобили
Волво лансираше брендирано видео како дел од борбата против загадувањето на океаните со пластика, во соработка со агенцијата Grey London и Sky Atlantic. Видеото наречено „The Unseen Ocean” ја раскажува приказната на Том Френклин, наставник во основно училиште кој исто така ја води програмата City Kids Surfing, во која ги учи децата да пливаат, да сурфаат и да се едуцираат за животната средина.
Кампањата е дел од програмата за одржливост на компанијата Volvo Cars, една од најамбициозните во автомобилскиот сектор. Претходно оваа година, компанијата објави дека нивната цел е до 2025 година да постигнат најмалку 25% од пластиката што се користи во новите Волво автомобили да доаѓа од рециклирани материјали.
Тие, исто така, се обврзаа да ја отстранат пластиката за еднократна употреба од нивните канцеларии и настани низ светот до крајот на 2019 година. Волво во септември, исто така, стана првиот и единствен производител на автомобили, кој ја подржаа Ocean Plastics Повелбата на Г-7, која ги обврзува Владите да преземат конкретни чекори кон решавање на проблемот со загадувањето на океаните со пластика.