Home » Во фокусот » Нова реклама на KFC во духот на старите ситком серии

Нова реклама на KFC во духот на старите ситком серии

Ланецот за брза храна Kentucky Fried Chicken објави нов едноминутен рекламен спот во духот на старите ситком серии од 80-те и раните 90-ти години на минатиот век, насловен „What’s for Dinner?“.

Во рекламата, популарниот Полковник Сандерс (основачот на KFC) е секогаш тука да им излезе во пресрет на членовите на едно просечно американско семејство и да им подаде поховано пилешко во рака.

Во улогата на Полковникот се јавува актерот Џејсон Александер кој го глумеше ликот Џорџ Констанза во популарната американска ситком серија Seinfeld. Како најдобро да се долови чувството на старите ситком серии ако не со личност која ги олицетворува!?

Рекламата е дел од тековната адвертајзинг кампања на KFC во соработка со агенцијата Wieden + Kennedy.

Покрај главниот едноминутен спот, беше објавена и една пократка реклама од 15 секунди во која преку пренагласувањето на долгите раце на Полковникот е застапена и апсурдноста по која се познати W+K и KFC.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365