Со кампањата „2018 Goals“, Spotify ги слави новогодишните празници, давајќи ни предлози за традиционалните новогодишни одлуки
Веќе долго време постои традиција луѓето на крајот на годината да ги донесат своите новогодишни одлуки, за тоа што ќе променат или ќе постигнат наредната година. Треба да бидеме искрени и да признаеме дека повеќето од тие зададени цели ги забораваме и пред да поминат празниците, но сепак е убаво чувството да си зададеме цел себе си. Spotify се придружи на овај тренд во својата нова глобална OOH кампања, која ни дава податоци кои ќе ни помогнат во донесувањето на некои од новогодишните одлуки и тоа користејќи ги податоците собрани од корисниците.
Оваа услуга за стримување на музика во кампањата користи билборди за интересни пораки засновани на податоците за однесувањето на нејзините корисници и истакнува дека овие податоци од 2017 година можат да ни послужат во 2018 година.
Кампањата ја изработи интерен тим во компанијата, а како и нивната кампања минатата година и овај пат, успееја да покажат една од најзабавните примени на податоците од корисниците на кои оваа платформа им е очигледно интегрален дел од секојдневниот живот.