Home » Во фокусот » Новата кампања на гигантот на електронска трговија Bonprix ги разбива стереотипите за жените и за себе

Новата кампања на гигантот на електронска трговија Bonprix ги разбива стереотипите за жените и за себе

Новата стратегија, платформа и кампања за гигантот на електронска трговија од агенцијата 180 Kingsday, ги потсетува жените дека се многу повеќе од она што се гледа на прв поглед

Bonprix, дел од вториот по големина европски е-трговец на Otto Group, започна нова стратегија и паневропска кампања. Преку целосната реинтерпретација на слоганот “Bonprix – тоа сум јас” со цел да ги рефлектира жените во 2018 година, новата стратегија провоцира и пркоси на конвенционално размислување за тоа што сакаат жените на средна возраст и она што тие се.

Bonprix – тоа сум јас” е ода на жените од сите возрасти, форми, големини и животни приказни. Кампањата покажува дека кога станува збор за жените и начинот на кој тие се гледаат себеси, секогаш има многу повеќе од она што се гледа со голо око.


Новата кампања е дел од внатрешната и надворешната трансформација на брендот Bonprix, а авторот е нов креативен партнер на компанијата, агенцијата 180 Kingsday од Амстердам. Брифот повика за развој на стратегија за еволуција на брендот. Одговорот на агенцијата Kingsday 180 беше да се справи не само со огласната страна, туку и да го реинтрепретира брендот за нова ера. Агенцијата тесно соработуваше со клучните тимови во Bonprix за да ја олесни трансформацијата низ целата компанија. Новата платформа и стратегија донесуваат цела низа промени за брендот, во настојувањето да ја зголемат неговата релевантност, да го прошират неговиот дострел и да изградат поконзистентно и поинспиративно потрошувачко патување.

На тој начин, гигантот за е-трговија повторно го откри својот идентитет, соочувајќи се со предрасудите и заблудите за Bonprix, а со тоа и околу нивната целна група на жени над 40 години. Клучното сознание е дека жените често мислат дека Bonprix не е за нив. Но, кога одат на веб-страницата, тие сфаќаат дека понудата е толку разновидна, а квалитетот на производите е толку висок што всушност секогаш има нешто што е совршено за нив.

Интегрираната кампања вклучува ТВ, принт, билборди, дигитални и искуствени активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365