Home » FMCG » Новата козметичка линија BURЯA претставена пред стручната јавност

Новата козметичка линија BURЯA претставена пред стручната јавност

Новата козметичка линија BURЯA® во средата на 29.04 беше претставена на стручната јавност во хотелот Holiday inn во Скопје.За време на едукативното предавање и практичната презентација, фармацевтите се здобија со потребните стручни информации за начинот на делување на anti – age козметиката BURЯA®.

Burra 1

Благодарение на активните состојки пептиди кои ја стимулираат синтезата на колаген, производите на BURЯA®за активна нега на лицето директно делуваат на процесот на подмладување на кожата и како такви се препорачуваат на жени од 30 години па натаму.Сите производи во својот состав покрај главноделувачките пептиди содржат уште 5 активни anti-age супстанции: Хиалуронска киселина, бета глукан, природно масло од арган, и марула како и ши путер кои заедно придонесуваат во подобрувањето на тонусот и изгледот на кожата.

BURЯA®ноќната крема и кремата за пределот околу очите содржат и екстракт од зелена алга, која ги брише знаците на замор и ја обновува кожата во текот на ноќта.

За природно тонирање на лицето,без ефект на маска BURЯA®personal skin expert има и ББ тонирани креми со СПФ 10 во три нијанси light, medium I dark.Овие креми во својот состав содржат инкапсулирани пигменти Bio Genic Magicolor кои се активираат со втривање на површината на кожата, развивајќи изедначување на тенот.

Burra 2

Идеално средство за темелно и нежно отстранување на шминката и чистење на лицето овозможува BURЯA® Pure Active Care Мицеларен лосион.Екстрактите од алое вера и краставица ја хидрираат и освежуваат кожата, додека хамамелисот делува смирувачки на местото на нанесување.

Козметичката линија BURЯA® во своите производи има и линија за заштита на кожата на лицето од сонце.Тоа се два производи BURЯA®Sun cream СПФ 30 и BURЯA®Sun cream СПФ 50. Во својот состав имаат ектоин кој ја штити кожата од фотостареење.Прикладни се за светла и осетлива кожа на лицето.

Линијата за нега на тело на BURЯA®personal skin expert вклучува два производи.

 BURЯA® natural mineral deodorant roll- on е специјално формулиран дезодоранс кој дава природна заштита од непријатни мириси и обезбедува долготрајно чувство на свежина, благодарение на екстрактот од алое, краставица и хамамелис. BURЯA® natural mineral deodorant roll- on не содржи парабен, алуминиум и алкохол.

BURЯA®Body Milk наменет е за потполна нега и заштита на нормална до сува кожа.Формулиран на база на уреа, ши путер, масло од какао,бадем и кокос го обновува хиролипидниот филм на површината на кожата, ги подобрува нејзиниот изглед и структура.Кожата станува  мазна и еластична.

Сопрете го времето со BURЯA®.Побарајте ја BURЯA®personal skin expert во  подобро снабдените аптеки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365