Home » Digital » Нови правила за политичко огласување на Твитер и во Европа

Нови правила за политичко огласување на Твитер и во Европа

Од 11 март и во Европа ќе важат новите правила за политичко огласување, кои се воведени за време на изборите во САД, најави Твитер.

Ова значи дека секој може да ги види рекламите поставени на Твитер за кои е дадено одобрение од определена партија или кандидат во Центарот за транспарентност на реклами на Твитер, со сите потребни детали.

Ова ќе им овозможи на корисниците полесно да ги идентификуваат рекламите за политички кампањи, како и да видат кој ги платил, пренесува Ројтерс.

Новите правила доаѓаат пред многу важни избори за Европскиот парламент во мај, поради страв од руски кампањи на дезинформации на електоратот преку социјалните мрежи.

Социјалните мрежи како што се Фејсбук и Твитер се под притисок да направат повеќе во борбата против лажните вести и ширење на екстремизмот и пропагандата на интернет, а Европската Унија е се повеќе загрижена за улогата на Русија.

Твитер ги уверува корисниците дека нивната политика во рекламирањето на политички кампањи ќе се применува и во Индија и Австралија, кои исто така ги очекуваат избори.

Овие мерки се преземаат како реакција за наводното мешање на Русија за време на претседателската кампања во САД во 2016 година, кога Фејсбук, Твитер и Гугл пронајдоа содржини на нивните платформи за кои постоеше сомневање дека биле финансирани од страна на руски кругови на интерес, што Русија во повеќе наврати го негираше.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365