Ауди и нивната агенција BBH Лондон започнаа кампања за новиот R8 модел, кој според рекламата ќе сакаат сите возачи не само да го возат, туку и да го следат.
Со зборовите на песната “Close to You” на групата The Carpenters, овој спот насловен како „A Pleasure to Follow“ покажува возачи кои се толку импресионирани од новиот R8 што едноставно мора да бидат блиску до него, дури и ако тоа значи да се напушти сопствената свадба. Новиот R8 е трансформиран во еден вид волшебник во автомобилскиот свет.
Во прилог на едноминутното видео, кампањата ќе вклучува и пократки формати за социјалните мрежи и други дигитални канали.
По повод започнувањето на новата кампања, Тибут Михал и Дејвид Ласар од BBH Лондон изјавија: “Како и секогаш со Ауди, моравме да најдеме едноставна универзална вистина: никој не сака да биде претекнат на патот. Освен ако не се работи за прекрасниот нов модел R8. Задоволство е да се следи него.”