Home » Extra 5 » Новиот концепт на Starbucks – Starbucks Evenings

Новиот концепт на Starbucks – Starbucks Evenings

Иновациите и новите концепти се дел и од Starbucks.  Идејата да се понуди нешто ново на постојаните потрошувачи но и да се допре до нови е секогаш цел на големите компании.  Оваа Американска компанија по успешното навлегување во категоријата на производи на чаевите со откупувањето на ланецот Teavana, навлегува во категоријата wine & spirits со нов концепт наречен Starbucks Evenings.

Starbucks evenings

Ако наутро сите Starbucks shops се преполни со луѓе туркајќи се да го земат своето омилено утринско кафе, навечер недостасува оваа толпа на луѓе во истите Starbucks shops. Оттука дошла идејата да им се понуди нешто ново на сите овие луѓе со концептот After work Starbucks Evenings. 

После 16 часот сите посетители можат да уживаат во прекрасен амбиент во истите Starbucks shops но сега со вино, пиво, пица итн.

Со ова Starbucks дефинитвно гради стратегија за задржување на истите потрошувачи како во  утринските така  и во попладневните и вечерните часови.  Оние кои уживаат во утринското кафе сега ќе уживаат со вино или пиво за време на овие Starbucks Evenings. Со тоа се нуди исто така двојно искуство на потрошувачите.  Концептот стартува во Калифорнија, Атланта и Чикаго и има  намера да се прошири набрзо низ цела Америка и секако да дојде во Европа.

starbucks wine

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365