Home » Digital » Новитет на LinkedIn: мерење на конверзиите за ”ads” и спонзорираната содржина

Новитет на LinkedIn: мерење на конверзиите за ”ads” и спонзорираната содржина

Добра новост за корисниците на LinkedIn: сега можете да ги измерите своите вложени напори за да обезбедите видливост на мрежата со повеќе од 450 милиони професионалци.

Во четвртокот,  LinkedIn најави следење на конверзијата за текстуалните реклами (ads) и спонзорираната содржина.

линккк

Според претставниците на платформата, оваа особина е една од најбараните алатки од страна на бренд менаџерите кои сакаат да го измерат бројот на логирања, преземања на содржини, бројот на нови клиенти и побарувања кои се добиени како резултат на нивните кампањи.

Во една од своите објави , компанијата објасни што бизнисните можат да добијат од оваа промена:

  • Следливост на метриките кои се најбитни. Со помош на оваа опција може лесно да се следат конверзиите на веб сајтот кои произлегуваат од LinkedIn програмите од  делот за аналитика (Campaign Manager analytics).  На брз начин може да се има увид во LinkedIn влогот за маркетинг и неговиот ROI, да се избројат бројот на конверзии, да се погледне цената по конверзија, стапката на конверзија итн.Можете да следите и кои сегменти од вашата таргет група прават најголем број на конверзии.
  • Следење на секоја конверзија во било кое време. Можно е конверзиите да ги следите преку својот десктоп компјутер или мобилен уред, без разлика дали новите членови сте ги добиле преку клик или преку стигнување до вашите реклами.
  • Оптимизирајте ја својата кампања за да обезбедите подобар перформанс. Мониторирајте ги  кампањите, рекламите, природата на публиката која поттикнува креирање на конверзии. Користете ги паметно овие информации за да ја подобрите содржината која ќе ја спонзорирате и своите таргетирани текстуални реклами.LinkedIn исто така го сподели и ова Видео со цел да даде визуелен преглед на оваа нова карактеристика.Доколку користите спонзорирана содржина и реклами на оваа социјална платформа, тогаш како корисна информација може да ви послужи и податокот дека за да стигнете до оваа опција потребно е да се влезе во LinkedIn Campaign Manager.

    Оваа карактеристика може да им помогне на бренд менаџерите подобро да ја таргетираат својата целна публика на оваа платформа, а исто така може да им помогне на PR и маркетинг менаџерите полесно да ги идентификуваат резултатите од специфичната работа и кампањи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365