Home » Во фокусот » Новост од Vip оператор

Новост од Vip оператор

Vip со атрактивна новогодишна промоција

Vip ја започнува празничната новогодишна еуфорија и со задоволство ја најавува новата атрактивна промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2019 година со неограничена комуникација, нови смарт телефони и ТВ уреди по најповолни цени.

Со новогодишната промоција, сите корисници кои ќе ја изберат постпејд тарифата во мобилната телефонија,  Vip Neo M  добиваат зголемен 4G интернет од 15GB, неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи и можност да ја започнат новата година со нов смарт телефон по супер цена. Имено, сите нови корисници и сите оние кои ќе направат обнова на својот договор на овој тарифен модел ја добиваат можноста да го добијат Samsung Galaxy Ј6 2018 и тоа со месечна рата од 209 денари или Honor 7S за 0 денари.

Vip подготви изненадување и за корисниците на Vip Комбо. Со избор на Vip Combo Neo 4M, корисниците имаат уникатната можност да добијат Full HD ТВ уред за 0 денари – TESLA 49S317BF со екран 49”. Покрај ова корисниците добиваат 2 ТВ-приклучоци, до 130 ТВ канали (до 20HD), неограничен интернет, бесплатна фиксна линија со неограничени разговори кон фиксни мрежи и две Vip Neo M мобилни линии, секоја со 15GB мобилен интернет.

Празниците се за големи желби. Оваа година со цел да придонесеме за уште поопуштена празнична атмосфера креиравме понуда која на сите корисници ќе им донесе безгрижна и неограничена комуникација и можност да добијат атрактивни смартфони по најповолни цени. Како компанија која нуди конвергентни услуги ја збогатуваме понудата со која корисниците можат да ги комбинираат мобилните и фиксните услуги и покрај неограничената комуникација и ТВ содржини ја добиваат можноста да добијат ТВ уред за 0 денари. Убедени сме дека оваа најнова промоција на Вип ќе придонесе за многу забава во семејствата на корисниците и сето тоа по најповолни услови за нивните домашни буџети“, изјави Елена Панова, маркетинг директорка во Вип.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.vip.mk и во Центарот за грижа за корисници 077 1234.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365