battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Нутела го следи примерот на Кока Кола со индивидуализиран advertising

Нутела го следи примерот на Кока Кола со индивидуализиран advertising

Очигледно дека во изминатиов период големите брендови од  food & beverage индустријата се повеќе се фокусираа на емоцианалната страна на потрошувачите со цел да ја продлабочат онаа емоционална врска  и да ги зголемат лојалноста и продажбата.Нутела кампања

По примерот на Кока Кола со нивниот слоган « Share with », Нутела исто така се одлучи за вметнување на личните имиња на самата тегличка со името на фанот нутела.  За разлика од Кока Кола, која што ја лансираше најголемата досега интерактивна кампања, Нутела се обиде да се фокусира само на фановите но не и да допре до емоциите на останатите потрошувачи.

Колку што можевме да дознаеме, кампањата се одвиваше исклучително на фан страната на facebook на Нутела. Секој фан требаше да «залепи» една фотка од Нутела на ѕидот на фан страната на facebook и со тоа би добил една персонализирана тегличка Нутела.

Разликата помеѓу Кока Кола и Нутела е тоа што Кока Кола најпрво направи прогресија на атрибутите и бенефитите (brand laddering concept кој што го спомнавме во една од изминатите статии), па потоа индивидуализиран advertising  додека Нутела е исклучително фокусирана на индивидуализиран adverstising односно на самата индивидуа. .

Подолу можеме да  видиме слика од оваа интересна кампања на Нутела:

NUTELA , Нутела

 

 

Автор Душан Пецов

Душан учестувал на повеќе маркетинг проекти во Македонија и Франција каде што успешно ги завршува студиите по маркетинг и со што се стекнува со интернационално искуство. Се интересира за Меѓународен Маркетинг, Глобален Маркетинг, Бренд Маркетинг, Brand Equity и Sponsorship.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365