Home » Во фокусот » Објавен AdEx извештајот за online пазарот во Србија

Објавен AdEx извештајот за online пазарот во Србија

(РЕГИОН) – Пред неколку дена го пренесовме податокот дека  огласувачите во Србија во текот на 2014 година инвестирале околу 18,16 милиони евра во online огласување кој беше соопштен од претседателот на УО на ИАБ Србија за време на конференцијата Digital Day 2015 која се одржа во Белград.

Вчера и официјално беше презентиран целиот AdEx извештај за online пазарот во Србија, преку кое можеме да погледнеме подлабоко во актуелните состојби на online огласувањето кај нашите северни соседи.

Бројките презентирани во извештајот се Нето наплатени приходи, односно во проценката се земаат во предвид износи кои се добиваат со примена на клиентски попусти на rate-card цените за огласување. Во наведените износи не се вклучени агенциските провизии.

Вкупниот износ претставува збир на пазарот во следниве категории:
• display advertising
• search-engine marketing
• платени огласи и листинзи (classifieds)
• social media marketing
• мобилен маркетинг
• останато (контекстуално огласување, affiliate marketing, content
marketing, e-mail и newsletter marketing, SEO итн).

Од податоците во извештајот, ги издвојуваме следниве:

– Online пазарот во Србија во 2014 година пораснал за 11,82% во споредба со 2013 година.

vkupen rast na pazarot

Пазарот на мобилно огласување во 2014 година забележал раст од цели 108% што значи дека вкупната вредност на овој сегмент од пазарот изнесува 790.000 евра.

– Вредноста на пазарот по клучните сегменти е следна:

vrednost na pazarot po klucni segmenti

– Кон вкупната вредност на пазарот најмногу придонесува display огласувањето (47,14%), со вкупна нето вредност од 8.560.000 €.

Целиот AdEx извештај можете да го симнете на следниов ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365