battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Објавени победниците и финалистите на Global Effie 2014

Објавени победниците и финалистите на Global Effie 2014

Синоќа на официјалниот веб сајт на Effie, беа објавени победниците и финалистите на глобалните Effie награди за 2014 година.

На 5 јуни 2014 год., на Гала вечера во Њујорк,  огласувачите и агенциите од целиот свет ќе бидат свечено промовирани за нивните достигнувања и најдобри кампањи.

Effie наградите се доделуваат за најважните достигнувања во маркетинг комуникациите  > идеи што функционирааат!

global effie

Глобалните Effie награди се доделуваат за идеи што функционирале во најмалку четири земји и два или повеќе светски региони. Победниците беа избрани после две ригорозни рунди на оценување во повеќе градови низ светот. Топ глобални маркетери се собраа во Сингапур, Мексико Сити, Лондон и Њујорк за да ги одберат најефикасните маркетинг комуникациски проекти на годината.

Одбраните победници имаа спроведено успешни кампањи кои ја постигнаа својата цел и очекуваните резултати, остварувајќи надпросечни достигнувања во контекст на категоријата.

Global Winners :

1. AUDI AG

Наслов на кампањата: Land of Quattro

Агенции: thjnk ag* , MediaCom, Verba, Lintas China, Razorfish GmbH

* водечка агенција

2. EVIAN

Наслов на кампањата : evian Baby&Me

Агенции : BETC* , Havas Media Paris

*водечка агенција

Finalists

1. AUDI AG (Наалов : Harder, Better, Faster, Stronger)

2. BMW Motorrad (Наслов : One World, One R  1200 GS)

3. Cisco Systems (Наслов: Tomorrow Starts Here)

4. Unilever (Наслов: Help a child, Reach 5)

5. Intel and Toshiba (Наслов: Inside Films)

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365