Home » Во фокусот » Оддржана јавната трибина на тема: „Професионалните стандарди како предизвик во односите со јавноста“

Оддржана јавната трибина на тема: „Професионалните стандарди како предизвик во односите со јавноста“

Односите со јавноста како професија вклучуваат одговорност, етика, стандарди, напредок и иновации– порача гостинот Борис Бекер, менаџер и партнер во меѓународната агенција за односи со јавност „Чептер 4“ од Виена, Австрија отворајќи ја саботната (01.03) дискусија посветена на професионалните стандарди и потребата од нивно почитување при практицирање на односите со јавноста.

„Огромна е разликата меѓу односите со јавноста како професија и како занает. Затоа што, професијата вклучува одговорност, стандарди, етика, константен напредок, иновација и размена на знаење и вештини. Тоа е единствениот пат кон долгорочен успех на односите со јавноста (ПР) како професија и на агенциите и организациите кои ги практикуваат“, потенцираше Бекер.

Boris Beker Marketing365

Boris Beker – Chapter4

Според него, нормално е, во овој век на комуникации, секоја компанија, институција или личност да практикуваат односи со јавноста.

На трибината свои обраќања имаа и Дејан Андонов (член на управниот одбор на ЗОЈМ) од Високата школа за новинарство и односи со јавност и Гоце Пачемски (исто така член на управниот одбор на ЗОЈМ) од Имиџ ПР.

Во продолжение презентациите на Дејан и Гоце со дел од поважните поенти во излагањата за сите оние што не успеаа да стигнат на време да присуствуваат на јавната трибина:

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365