Home » Во фокусот » Одлична маркетинг акција на “Тиквеш“

Одлична маркетинг акција на “Тиквеш“

Винарската визба “Тиквеш“ во стилот на најголемите светски винарии, деновиве започна одлична маркетинг акција за директна комуникација и едукација на своите конзументи.

Имено, љубителите на виното на “Тиквеш“ од денеска имаат уникатна можност да се едуцираат за сортите вино и за најдобрите комбинации со храната уште на самите продажни места преку апликација која на потрошувачите им помага полесно да го направат најдобриот избор на вино.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На информативните таблети поставени на винските полици во поголемите маркети, купувачите можат да се информираат за карактеристиките на секое поединечно вино и за тоа кое вино со каква храната се конзумира.

Обидувајќи се да го направат вистинскиот избор, љубителите на виното често минуваат многу време на винските полици во маркетите. Со оваа апликација не само што им се олеснува изборот, туку добиваат и корисни информации за виното и за идеалниот спој со различните видови храна. Веруваме дека оваа алатка е моќен иструмент за подигнување на винската култура на македонските консументи“, изјави Елена Младеновска Јеленковиќ маркетинг-менаџер на Тиквеш.

Оваа можност засега е достапна во два од маркетите на Веро во Скопје, а во наредниот период ќе биде поставена и на други продажни места. Пo новогодишните празници апликацијата ќе биде достапна и за на мобилни уреди со што корисните и едукативни информации ќе стигнат до уште поширок круг љубители на виното.

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365