Home » Во фокусот » Одличниот Роџер Федерер со својот рекет создава и музика

Одличниот Роџер Федерер со својот рекет создава и музика

Компанијата Вилсон и швајцарската тениска ѕвезда направија многу интересен музички спот како дел од промоцијата Pro Staff RF 97 Autograph рекетот

Познатиот производител на спортска опрема, компанијата Вилсон заедно со продукциската куќа Farm League и музичкиот продуцент Money Mark (кој има работено со Бисти Бојс) создадоа оригинален музички “спот”, наречен “Play Your Heart Out“.

Роџер Федерер во овај спот не пее, туку го прави она што најдобро го знае, размавнува со рекетот. Познатиот спортист помина цел еден ден удирајќи топки на импровизирано игралиште во пустината Мохаве. Локација овозможи одлична акустика и изгледа навистина привлечно во видеото кое може да го погледнете подолу.

Додека Федерер удирал тениски топчиња насочени кон него, Марк ги снимал звуците на секое отскокнување на топките, секој замав, но и сите други интересни звучни ефекти, како отворање на пакувањето на тениските топки или бавното отворање спортската торба. Тие вметнаа и некои електронски битови и добија одличен аудио запис. Спотот можеби нема да се најде на некои топ листи :), но секако може да ве инспирира да ги ставите вашите патики за тенис и да закажете термин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365