Home » Во фокусот » Оглас за работа во UM

Оглас за работа во UM

Universal Media Скопје (UM) е водечка full service медиумска агенција, специјализирана за планирање и закуп на огласувачки простор на сите медиумски платформи за некои од најголемите локални и меѓународни компании. UM Скопје е дел од I&F McCann групата, која вработува повеќе од 600 талентирани професионалци и работи во дванаесет земји во јужна и северна Европа.

Оглас за работната позиција: Media Account Manager

Вештини и знаења кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:

  • Минимум пет години работно искуство во медиумска агенција
  • Познавање на софтверите Arianna, MEDIApuls, TGI и BRANDpuls
  • Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel
  • Способност за аналитичко размислување и расудување, и способност за вршење на повеќе задачи истовремено
  • Познавање на медиумскиот пазар и можностите за рекламирање
  • Познавање на потребите и маркетиншките цели на клиентите
  • Универзитетска диплома
  • Одлично познавање на англиски јазик, најмалку B2 ниво на знаење
  • Напредни презентациски и преговарачки вештини

Описот на работното место вклучува:

  • Реализација на медиумските стратегии на клиентите
  • Подготовка на извештаи за постигнатите резултати според дефинирани параметри
  • Превземање корективни мерки во случај на отстапувања од планираните резултати
  • Супервизија и помош на медиа планерите при сложени прашања и при подготовка на плановите и следењето на кампањите
  • Градење на добри партнерски односи со клиентите и медиумите
  • Водење на тим и супервизија на работењето на членовите на тимот
  • Презентации на клиентите и учество на тендери

На кандидатите им обезбедуваме можност за развивање на капацитетите и усовршување во динамично опкружување. Го наградуваме личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста. Обезбедуваме квалитетни услови за професионален развој.

Ве молиме испратете ја вашата биографија најдоцна до 06.08.2018 година, на hr@ifmccann.com.

Забелешка: Сите апликации ќе бидат разгледувани во целосна тајност, а само кандидатите кои се во потесен избор ќе бидат контактирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365