Home » Најнови вести » Оглас за вработување на директор и заменик директор на МРТ

Оглас за вработување на директор и заменик директор на МРТ

МРТ објавува оглас за вработување на директор и заменик директор.

Директорот и Заменикот на директорот се избираат за период од 3 (три) години со можност за повторен последователен избор.

Кандидатите што ќе се пријават треба да ги исполнуваат следниве услови:
-да се државјани на Република Македонија;
-да имаат високо образование;
-да поднесат Програма за работа на МРТ за период од три години;
-да имаат над пет години работно искуство во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото

Кандидатите на јавниот конкурс со пријавата треба да достават:

-Уверение за државјанство:
-Програма за работа на МРТ за период од три години;
-Диплома за завршено високо образование;
-Кратка биографија;
-Потврда за пет години работно искуство во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото

Кандидатите на јавниот конкурс кон пријавата и соодветните Докази за исполнување на бараните услови во еден плик, доставуваат и Програма за работа за период од три години во друг плик, потпишан со шифра чие дешифрирање е во првиот плик.
Пријавата и програмата за работа се доставуваат во пликови АЗ формат со назнака: “За конкурс за избор на Директор на МРТ“, односно, “За конкурс за избор на Заменик на директорот на МРТ“.
Непотполните и ненавремени пријави нема да се разгледуваат.

Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето во дневниот печат.

Пријавата со потребните документи се доставуват во рок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот, во затворен плик со назнака:  За учество на конкурсот за избор на “Директор на МРТ односно За учество на конкурс за избор на Заменик на Директорот на МРТ”
на следнава адреса:
Македонска радио телевизија Булевар Гоце Делчев” бр. 18 Скопје
За дополннтелни информации, заинтересираните кандидати можат да се јават на Тел. 070885555
ПРОГРАМСКИ СОВЕТ НА ЈРП МАКЕДОНСКА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365