Набавка на производи за домаќинството во блиската продавница може да се претвори во многу досадна, напорна, па дури и непријатна работа, во зависност од тоа каков ви бил денот, со кого сте дошле, кој ве чека надвор или дома, дали вашето трпение тој ден е сразмерно со редот на касата и многу други околности. Сето ова ја прави можноста за онлајн купување како голема погодност. Со цел да ги потсети потрошувачите за можноста за купување без стрес во Maxi Online Store, McCann Белград смисли серија симпатични скечеви.
“Она што е заедничко во сите бенефити на Макси онлајн купувањето е – купување без стрес. Преку прикази на различни ситуации во кои вообичаеното купување може да се тргне во непосакувана насока, сакавме да ги истакнеме предностите на купувањето во приватноста на вашиот дом, но, исто така, да го привлечеме вниманието на јавноста за услугата која им е достапна и која би можела значајно да го заштеди нивното време, но и нерви”, изјави Сара Вермезовиќ, дигитал специјалист во агенцијата McCann Белград.
“Минатата година, Макси лансираше онлајн продавница каде што на едно место, брзо и лесно може да се пазари сè што обично се купува во супермаркет, со испорака до домашна адреса. Се работи за платформа која со својот изглед и содржина е прилагодена на потребите на современите купувачи од сите генерации, а достапна е за сите корисници на подрачјето на Белград”, изјави Никола Зечевиќ, менаџер за Digital & Loyalty во Delhaize Србија.