Home » Во фокусот » Опаѓа интересот за Фејсбук, но расте за другите платформи

Опаѓа интересот за Фејсбук, но расте за другите платформи

Голем број на луѓе се префрлуваат од Фејсбук на затворени форуми како WhatsApp за да расправаат за дневни вести, поради загриженост за приватноста, лажни вести и расправии, се вели во студијата на Институтот за истражување на новинарство на Ројтерс.

Најновиот извештај за дигиталните вести на овај Институт покажа дека луѓето се помалку го користат Фејсбук како извор на вести, особено младите кои преферираат WhatsApp, Instagram и Snapchat. Фејсбук и понатаму е најпопуларна социјална мрежа со 36% користење минатата недела, но губи во трката со други апликации како WhatsApp, кој во четири години има тројно зголемен број корисници како извор на вести и сега е на 15%.

Луѓето се чувствуваат подобро кога разговараат на затворени платформи особено во држави со поларизирани поделби, во кои е опасно отворено да се изрази политички став, како Малезија и Турција, се  вели во студијата.

Испитаниците изјавиле дека често наоѓаат вести на Фејсбук и Твитер кои ги споделуваат на групите на WhatsApp поради дискусијата во рамките на помал круг на пријатели.

Иако најголемиот дел за намалувањето на интересот за Фејсбук се препишува на промените во алгоритмот, кој како приоритет ја става интеракцијата со пријателите и семејството, довербата исто така, претставува голем проблем.

Само 23 % од 74 000 анкетирани луѓе во 37 држави изјавиле дека им веруваат на вестите на социјалните медиуми, во однос на 44% од оние кои генерално им веруваат на вестите, пренесува Ројтерс.

Се зголемува и бројот на луѓето кои плаќаат за да имаат пристап до вести на интернет во поединечни земји, а тој број достигна 30% во Норвешка, каде што донациите исто така се појавуваат како алтернативна стратегија, покажува студијата на институтот на Ројтерс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365