Home » Во фокусот » Основана “Македонската асоцијација на рекламни агенции – Скопје “

Основана “Македонската асоцијација на рекламни агенции – Скопје “

Десет маркетинг агенции од Македонија, деновиве и официјално се здружија и го основаа Здружението “Македонска асоцијација на рекламни агенции-Скопје“ (МАРА Скопје) .

Здружение има за цел да ја јакне улогата на рекламните агенции, агенциите за истражување и агенциите за односи со јавноста во рамките на индустријата на рекламирање.

Асоцијација на рекламни агенции

Според усвоениот статут, некои од главните цели на асоцијацијата ќе бидат и:

– да ги штити интересите на рекламните агенции во однос спрема медиумите, рекламодателите;

-да ги утврдува правилата на игра при учество на тендери;

– да ги застапува интересите на агенциите пред други собири, здруженија и други форми на организирање;

– да учествува со свои претставници во работата на Здружениот комитет на индустријата на рекламирање кој треба да се формира во 2015 година и во кој ќе влезат претставници од медиумите, рекламните агенции и рекламодатели.

Основачи на новото здружение се:

Друштво за производство, трговија и услуги МЕДИА И АДВЕРТАЈЗИНГ ДООЕЛ Скопје

Друштво за маркетинг и пропаганда ЛОУ СВИНГ ДООЕЛ Скопје

Друштво за маркетинг и пропаганда ТДМ КОМУНИКАЦИИ ДООЕЛ Скопје

Друштво за продукција маркетинг трговија и услуги РЕПУБЛИКА ДООЕЛ Скопје

Друштво за продукција на ТВ програма МЕДИА КОМ ДООЕЛ Скопје

Друштво за глобални комуникации ГРЕЈ – ВОРЛДВАЈД ЛТД ДООЕЛ Скопје

Друштво за медиумско преставување, реклама и пропаганда ОПТИМУМ МЈУЗИК МЕДИА ДООЕЛ Скопје

Друштво за истражување на јавно мислење и консалтинг ГАУСС ПОЛЛ дооел Скопје

Друштво за медиа планирање,медиа закуп и медиа мониторинг МЕДИА ПЛАН ДООЕЛ Скопје

Друштво за маркетинг и пропаганда ФОУР ЕЛЕМЕНТС ДООЕЛ Скопје

Овластено лице и прв Претседател на МАРА Скопје, според објавата во Централниот регистар е Зоран Ристовски од Скопје, првиот човек на агенцијата “Греј“ во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365