Home » Extra 5 » Останете поврзани без разлика каде се наоѓате со новиот Самсунг Галакси Часовник

Останете поврзани без разлика каде се наоѓате со новиот Самсунг Галакси Часовник

Новиот Галакси часовник пристигнува со дизајн кој одговара на вашиот животен стил и овозможува поврзување на “LTE” мрежа и опции за следење на животните навики

 

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес го претстави Самсунг Галакси Рачниот Часовник (Samsung Galaxy Watch). Галакси рачниот часовник го извлекува најдоброто од Самсунг Галакси екосистемот со долготрајната батерија, “LTE” поврзување, следење на секојдневните животни навики и безвременски и персонализиран дизајн. Галакси часовникот им помага на корисниците да постигнат повеќе со новите можности, како следење на стрес и и времето на спиење. Покрај тоа што нудат по робусна линија во однос на стилските можности, вклучуваат и три нови дизајни и тоа во Сребрена, Полноќна Црна и Розево Златна боја, како и нови бои на ремени за часовникот.

Во Самсунг, имаме долга историја на обезбедување на избор за потрошувачите, воедно одржувајќи ги иновациите во рамки на нашите производи. Возбудени сме што го продолжуваме со гордост наследство на нашата Галакси линија со производите за носење. Новиот часовник Галакси е дизајниран за сечиј животен стил со цел да помогне кон задоволувањето на потребите на потрошувачите, како поефикасно одржување на батеријата за да останат поврзани подолго, и подобро следење на добросостојбата за да им помогне на корисниците да ги задржат своите цели – ги испорачуваме со поврзани искуства, сите со допир на рачниот зглоб.” – изјави ДЏ Кох (DJ Koh), Претседател и Извршен директор на ИТ и Одделот за Мобилни Комуникации, Самсунг Електроникс.

Останете поврзани – Без оглед каде ве носи денот

Подобрениот век на батеријата на Галакси часовникот до 80+[1] часа ја елиминира потребата од дневно полнење и им помага на потрошувачите да продолжат со нивната динамична недела. Со подолгиот век на траење на батеријата, оддалечувањето од својот смартфон никогаш не било полесно со “LTE“ поврзаноста на Галакси часовникот – низ повеќе од 30 провајдери и повеќе од 15 земји – за вистинско самостојно искуство низ уредите преку пораки, повици, мапи и музика. Корисниците исто така може да го започнат и завршат денот со утрински и вечерни брифинзи кои ќе им помогнат да останат во тек со потсетниците, времето и нивниот последен распоред.

Живејте балансиран живот

Галакси часовникот е дизајниран имајќи го на ум здравиот начин на живот. Тој нуди вистинско холистичко искуство со својот нов тракер[2] за управување со стресот, кој автоматски ги детектира високите нивоа на стрес и нуди вежби за дишење за да им помогне на корисниците да се насочат и фокусираат. Покрај тоа, новиот напреден тракер за следење ги надгледува сите нивоа на спиење[3], вклучувајќи ги и РЕМ циклусите, за да им помогне на корисниците да ги прилагодат навиките за спиење и одмор за да можат репродуктивно да го поминат својот ден.

Покрај контролирањето на спиењето и стресот, Галакси часовникот им помага на корисниците да постигнат и други цели насочени кон нивното здравје и добросостојба, вклучувајќи и фитнес активности. Во рамки на Галакси часовникот се вметнати 21 нова вежба за надворешни услови, а исто така може да се следат вкупно 39 вежби кои им овозможуваат на потрошувачите да ги прилагодат и променат нивните рутини. Бидејќи балансираната исхрана е исто важна како и вежбањето, Галакси часовникот ја олеснува ова рутина повеќе од кога и да било, со  интуитивно следење калории и персонализирани предупредувања. Покрај тоа, корисниците можат да останат на вистинскиот пат со своите оброци користејќи Биксби Визија (Bixby Vision) на нивниот Галакси уред. За подобро управување со калориите, корисниците може да го фотографираат секој оброк и веднаш да ги напишат информациите за исхрана во апликацијата Самсунг Здравје (Samsung Health) и на Галакси часовникот.

Стилски и безвременски дизајн

Галакси часовникот пристигнува во повеќе димензии и стилови – 46 милиметарска и  42 милиметарска верзија во сребрена, полноќно црна или во нијанса на розево злато. Корисниците можат уште повеќе да го прилагодат Галакси часовникот со големиот избор на циферблејт и ремени, вклучувајќи опции од Бралоба (Braloba), производител на високо квалитетни ремени за часовници. Часовникот Галакси го пренесува наследството на паметните телефони на Самсунг со својот кружен, ротирачки циферблејт како заштитен знак, притоа прифаќајќи го дигиталниот изглед со “Секогаш на дофат“ (Always On Display) функцијата, покрај подобрената употребливост. За прв пат, Галакси часовникот располага со звук на отчукување како на аналогните часовници и ѕвонење на секој час, како и ефект на длабочина која фрла сенка при дефинирањето на сите детали од циферблејтот на часовникот за традиционален изглед и чувство. Дополнително, сертифицираната издржливост[4] на Галакси часовникот која одговара на воени стандарди, со Corning® Gorilla® Glass DX+ и најдобрата водечка отпорност на вода со сертификат на 5 ATM[5] овозможува долготрајна употреба на уредот, без оглед на опкружувањето.

Искусете го најдоброто од Самсунг Галакси Екосистемот

Часовникот Галакси на корисниците им ги овозможува сите придобивки од Галакси Екосистемот (Galaxy Ecosystem) создавајќи беспрекорно искуство со апликацијата “SmartThings“, Самсунг Здравје (Samsung Health), Самсунг Тек (Samsung Flow), безбедносната платформа “Samsung Knox“, Самсунг Плати[6] (Samsung Pay), Бигзби (Bixby) и со партнерства како Спотифај (Spotify) и Андер Армор (Under Armour). Корисниците едноставно можат да пристапат и да ги контролираат уредите од Галакси часовникот со апликацијата Паметни Работи (SmartThings) – сѐ со допир на рачниот зглоб – од вклучувањето на светлата во домот и телевизорот наутро, се до прилагодување на температурата пред спиење. Самсунг уште повеќе ја олеснува контролата на музиката и мултимедија содржините преку часовникот Галакси со помош на Спотифај, овозможувајќи им на корисниците да слушаат песни офлајн или без паметниот телефон преку режимот Спотифај Офлајн (Spotify Offline)[7], а покрај тоа може да ги чуваат информациите безбедни со помош на “Samsung Knox“ безбедносната платформа и лесно да го отклучуат компјутерот или таблетот користејќи “Samsung Flow“.

На македонскиот пазар, Галакси часовникот ќе биде достапен од 21 септември 2018. За дополнителни информации за производот, посетете ја веб страната http://www.samsungmobilepress.com.

[1] Времетраењето на батеријата варира според уредот и користењето: часовникГалакси 46mm (типична употреба од 80+ часа; до 168 часа со низок степен на користење) и часовник Галакси 42mm (типична употреба од 45+ часа; до 120 часа со низок степен на користење). Вистинското време на траење на батеријата може да варира во зависност од мрежното поврзување, компонентите, поставките, јачината на сигналот, бучавата и многу други елементи.

[2] Измерената вредност не е соодветна за медицинска употреба

[3] Измерената вредност не е соодветна за медицинска употреба

[4] MIL-STD-810: Environmental Engineering Considerations и лабораториските тестови се воен стандард на САД, кој нагласува прилагодување на дизајнот на животната средина на опремата и ограничувањата за тестирање на условите; MIL-STD-810G: + Влажност, складирање на висина, операција надморска височина, потопување

[5] Часовникот Галакси има ISO 22810: 2010 сертификација за рачни часовници за 5 ATM  од 50 метри (165 стапки) под дефинирани услови на притисок, време, брзина и температура. Ова значи дека двата уреди се безбедни за носење при одење на дожд или туширање и може да се користат за активностите на плитка вода како пливање во базен или океан. Сепак, часовникот Галакси не треба да се користи за нуркање, скијање на вода, или други активности кои вклучуваат ненадејни промени на температурата, активности со голема брзина во вода или потопување под длабока длабочина. Исплакнете во свежа вода и исушете го по потопувањето во морска вода.

[6] Само NFC поддршка. Достапноста на услугите може да варира во зависност од земјата.

[7] Потребно е Spotify Премиум членство (За повеќе детали, посетете ја www.spotify.com )

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365