Кампањата “Trash Isles“ или “Островите на отпадот“, која ја изработија АМВ BBDO и LADBible, ја освои наградата Гран при во една од најважните категории на меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions, во категоријата Дизајн.
Проектот “Острови на отпадот“ е олицетворение на think-big концептот, а на неговото создавање работеле заедно АМВ BBDO, LADBible и The Plastic Oceans Foundation, кои од огромен куп на ѓубре кое плута во океаните направија огромен остров и буквално создадоа нова држава која веќе има повеќе жители од 27 други земји! Тоа е земја која има свое знаме, валута, химна … сите карактеристики на една држава.
Кампањата ја препознаа и поддржаа многу познати личности од целиот свет, кои станаа почесни граѓани, а некои дури презедоа и официјални функции во новата држава. Портпаролот на генералниот секретар на ОН ја опиша кампањата како “иновативен начин да се подигне свеста за овој проблем, кој обично останува невидлив.”