Home » Во фокусот » Откриена категоријата на корисници одговорна за ширење лажни вести на Фејсбук

Откриена категоријата на корисници одговорна за ширење лажни вести на Фејсбук

Особено изненадувачки е тоа што повозрасните корисници споделуваат лажни вести, без оглед на нивните политички и верски убедувања.

Проблемот со лажните вести кој се шири со неверојатна брзина на социјалните мрежи, минатата година го достигна својот врв. Без оглед на тоа колку медиумите, социјалните мрежи и корисниците се обидуваат да го намалат ова ширење, тоа сè уште постои.

Зошто доаѓа до ширење на лажни вести воопшто и кој е одговорен за тоа, се обидоа да откријат научниците од Универзитетот во Њујорк и Принстон во студијата објавена во магазинот Science Advances. Она што го откриле ги изненади сите.

Имено, за ширење лажни вести на социјалните мрежи се одговорни повозрасните лица, без оглед на нивниот пол, образование или активност на социјални мрежи.

Истражувачите откриле дека корисниците на возраст над 65 пати почесто споделуваат лажни вести од оние во категоријата од 45 до 65 години и речиси седум пати почесто од оние во категорија од 18 до 29 години.

Особено изненадувачки е тоа што повозрасните корисници споделуваат лажни вести, без оглед на нивните политички и верски убедувања.

Најчестито, лажни вести споделуваат постарите луѓе кои не се дигитално писмени, односно не се снаоѓаат на интернет. Потоа следат луѓе чии когнитивни способности, поради нивната возраст, се слаби, па стануваат поподложни на измами и лажни вести.

Иако добар дел од вината за ширење лажни вести паѓа на грбот на корисниците, истражувачите предупредуваат дека и Фејсбук треба да преземе дел од вината. Имено, кога се прикажуваат линкови, не е можно да се препознае она што е објавено од легитимниот извор, било да се работи за реномирани медиуми или некоја сомнителна веб-страница.

Луѓето кои најчесто шират лажни вести честопати не кликнуваат на линкот, туку само го споделуваат според насловот и приказот кои ги гледаат на нивниот ѕид.

Истражувачите се надеваат дека нивното истражување ќе им помогне на социјалните мрежи, првенствено на Фејсбук, да најдат решение кое ќе го намали и прекине споделувањето на лажни вести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365