Home » Во фокусот » Отворен конкурсот за наградите KAKTUS 2015

Отворен конкурсот за наградите KAKTUS 2015

(РЕГИОН) – Порталот Marketing Mreza од Србија денеска го распиша конкурсот за првата српска национална годишна награда во областа на интегрираните комуникации – KAKTUS 2015. Наградите ќе се доделат во 13 категории, а ќе ги добијат организации, компании, институции и агенции за најквалитетните и најпрофесионалните интегрирани кампањи во изминатата година. KAKTUS 2015 ќе ги слави само оние идеи кои излегуваат од границите на очигледното и покрај тешките услови инспирираат и произведуваат најефикасна комуникации со целните групи. Конкурсот е отворен до 20 септември.

KAKTUS 2015 - vizual

За тоа кој ќе ги добие овогодишните KAKTUS награди одлучува стручното жири кое го сочинуваат угледни професионалци од креативните ПР и дигитални агенции од Србија и регионот. Жирито од Србија оваа година ќе работи во состав: Anja Radulović (Leo Burnett), Borislav Miljanović (Represent Communications), Boris Marčetić (Popular Bruketa&Žinić OM), Vesna Ćeranić (Executive Group), Vladimir Ćosić (McCann Beograd), Vladimir Mitrović (Ovation BBDO), Dejan Ranđić (DNA Communications), Igor Grmuša (Degordian), Ivan Živković (Pioniri Communications), Lea Stanković (Communis DDB), Marina Grihović (Headline i Dkit), Miloš Ilić (LUNA/TBWA Belgrade), Miloje Sekulić (Homepage), Nevena Kurtović (Fusion Communications), Nebojša Babić (Orange Studio), Slaviša Savić (New Moment New Ideas Company), Srđan Erceg (HUGE Media), Srđan Mihajlović (Grey Belgrade), Tamara Bekčić (Chapter 4 PR) i Toni Laurenčić (Idea Plus Communications).

Регионалното жири го сочинуваат : Alen Kekić (I TO NIJE SVE!, Hrvatska), Vanja Blumenšajn (Señor, Hrvatska), Vesna Beganović (Via Media, Bosna i Hercegovina), Zoran Trojar (Sonce.net, Slovenija) i Oliver Noveski (Brand Union, Makedonija).

“Во изминатиот период беа реализирани бројни интересни и иновативни интегрирани кампањи за кои сметаме дека се вредни за внимание, како на стручната, така и на пошироката јавност“. Конкурсот за KAKTUS наградите е прилика да измериме дали тоа навистина се идеи кои опстануваат, но и да го оцениме напредокот на професијата. Очекуваме многу добри кампањи кои ќе укажат на трендовите на развојот, но и на предизивиците кои ја одредуваат иднината на креативниата индустрија во Србија“, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Marketing Mreza.

Наградите свечено ќе бидат доделени на првиот Фестивал на интегрирани комуникации – KAKTUS 2015 , кој ќе биде одржан на 29 октомври во Белград.

Повеќе за условите на конкурсот, пропозициите и категориите, како и пријавниот формулат и Правилникот за работа на жирито, можете да погледнете на следниов линк: www.kaktus.rs

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365