Home » Во фокусот » Отворен конкурсот за наградите #kaktus2018!

Отворен конкурсот за наградите #kaktus2018!

Idea is nothing without execution!

Порталот Маркетинг мрежа денес го објави конкурсот за четвртите по ред национални доделувања на годишните награди – KAKTUS 2018. Наградите се доделуваат во 25 категории, а ги добиваат организации, компании, институции и агенции за најквалитетните и најпрофесионалните поединечни и интегрирани кампањи во изминатата година. Како и претходните години, KAKTUS 2018 ќе ги слави само оние идеи кои излегуваат од границите на очигледното и покрај тешките услови, инспирираат и произведуваат најефективна комуникација со целните групи. Конкурсот е отворен до 20 септември.

За тоа кој ќе ги добие овогодишните KAKTUS награди, одлучува стручно жири, кое го сочинуваат признати и угледни професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот. Жирито од Србија оваа година ќе работи во состав: Ана Шутиќ, Creative Director, New Moment New Ideas Company; Бојан Брукнер, Creative Director, Leo Burnet; Бојан Шаптовиќ, Head of Creative, Pioniri Communications; Игор Грмуша, Country Manager, Degordian; Јана Савиќ Растовац, Creative Director,  McCann Белград; Марко Прокиќ, Creative Director, Wireless Media; Милош Џурџевиќ, Creative Director, Fullhouse Ogilvy; Небојша Кривокуќа, Creative Director, Communis DDB; Радован Купрес, Creative Director, LUNA TBWA; Сања Милаковиќ Колунџија, Principal, Executive Group; Соња Грчиќ, Head of Creative & Video, Represent Communications; Владимир Митровиќ, Creative Director, Ovation BBDO; Вољена Даничиќ, Head of Creative, Direct Media.

Регионалното жири оваа година е составено од: Бојан Хаџихалиловиќ, Founder and Creative Director, Fabrika (БиХ); Боштјан Напотник, Creative Director, Futura DDB (СЛО); Домен Хусу, Creative Director, Yin+Young (СЛО); Душан Дракалски, Chief Creative Officer Europe, Ray Production; Илинка Црвенковска, Creative Director, Idea Plus Skopje (MK); Никола Жиниќ, Co-Chairman and Chief Creative Officer, Bruketa&Žinić&Grey (ХР), Петра Крулц, Executive Creative Director, Grey Љубљана (СЛО); Сашо Димитриевски, Partner and Board Member, Pristop/Rednerspace (СЛО); Сеан Поропат, Partner and Creative Director, Studio Sonda (ХР); Томислав Бадер, Partner, (ХР); Томислав Крајачиќ, CEO/CCO, Kofein (ХР); Вања Берталан, CEO, web.burza (ХР); Жарко Димитриоски, Creative Director, Eden na Eden (MK).

“Во изминатата година се реализирани бројни интересни и иновативни кампањи за кои сметаме дека се вредни за внимание, како од стручната, така и од пошироката јавност. Конкурсот за наградите КАКТУС е можност да се измери дали се работи за навистина различни идеи и идеи кои опстануваат, но очекуваме и напредок на професијата. Покрај тоа, оваа година акцентот на фестивалот ќе биде на квалитетни и безвременски егзекуции, без кои ниту една идеја не би можела да преживее. Очекуваме многу добри кампањи кои ќе укажуваат на развојните трендови, но и на предизвиците кои ја одредуваат иднината на креативната индустрија во Србија”, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Маркетинг мрежа, кој е организатор на феативалот KAKTUS 2018.

Наградите свечено ќе бидат доделени на четвртиот национален Фстивал на интегрирани комуникации – KAKTUS 2018, кој ќе се одржи на 12 и 13 ноември во хотелот Hyatt Regency во Белград.

Условите за конкурсот, пропозициите и категориите, како и пријавниот формулар и Правилникот за работа на жирито, можете да го погледнете на сајтот www.kaktus.rs.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365