Најценетиот светски фестивал на креативноста Cannes Lions официјално објави дека пријавите за овогодинешните “лавови“ се отворени. Оваа година нема нови категории, а значаен фокуе е ставен на подобрувањето и поедноставувањето на процесот на пријави како би се осигурало дека истиот е јасен и едноставен за навигација. Подобрувањата вклучуваат нова контролна листа за пријавување, составена од 10 ставки, со која се овозможува полесно “движење“ низ системот за пријавување. Фестивалот ќе се оддржи од 17 до 24 јуни во Кан, Франција.
Иако главните 24 дисциплини на напреварување остануваат исти, ревидирани се некои од постоечките подкатегории и дополнети се насоките со кои апликантите ќе знаат подобро на што жирито ќе обрнува најмногу внимание – како би се осигурало дека “Лавовите“ и годинава во потполност ќе ја одразуваат индустријата на која и служат.
Новина е и делот од официјалниот веб сајт Cannes Lions Stories, кој овозможува содржини што даваат инсајдески увиди, историја на категориите и трендовите во развојот на индустријата. Тимот на фестивалот тука ќе објавува и вести и примери на проекти кои влегувале во потесен избори или победувале во претходните години.
За повеќе детали околу пријавувањето на проектите можете да го погледнете овој линк: www.canneslions.com/awards/the-lions а оние што имаат потешкотии во процесот можат да разговараат директно со член на тимот преку овој линк: www.canneslions.com/awards/help-entering