Home » Во фокусот » Отворени пријавите за престижните натпреварувања на Денови на комуникациите – IdejaX и Mixx

Отворени пријавите за престижните натпреварувања на Денови на комуникациите – IdejaX и Mixx

Професионални здруженија HURA и IAB Хрватска ги покануваат експертите од комуникациската индустрија да ги пријават своите проекти на престижните натпреварувања

 

Со овогодинешниот фестивал Денови на комуникациите повторно се отвора можност за пријавување на креативни проекти и дигитални кампањи на кои агенциите и компаниите се особено горди. На националното креативно натпреварување IdejaX се наградуваат најоригиналните идеи кои се единствени и ги поминуваат границите, без оглед на видот на медиумите во кои се реализирани, а од друга страна во рамките на натпреварувањето Mixx, се доделуваат наградите за најдобри дигитални кампањи и дигитални алатки / платформи во областа на маркетинг комуникациите.

Победниците од двата натпревари ќе бидат прогласени на доделувањето на наградите на најдобрите агенции и огласувачи во индустријата на Денови на комуникациите во Ровињ од 12-15 април 2018 година.

Повеќе информации за натпреварувањето:

  • IdejaX

IdejaX е најголемо натпреварување во Хрватска, на кое со години успешно се натпреваруваат како големи, така и мали агенции со нивните креативни идеи, за кои можат да освојат златни, сребрени и бронзени награди. Со цел унапредување на ова натпреварување, оваа година ќе биде ставен посебен акцент на неутралноста при оценувањето на практиката на жирирање која ги следи големите светски фестивали како Cannes Lions или Eurobest, а која има за цел да се подигне квалитетот на наградите IdejaX. Жирито се состои од високо квалификувани креативци кои доаѓаат од најдобрите агенции според пласманот на IdejaX минатата година. Организатор на натпреварувањето е HURA, а апликациите се отворени до 20 март 2018 година. Правилникот е објавен на линкот:  https://danikomunikacija.com/hr/natjecanja/idejax/

  • Mixx

MIXX натпреварувањето е направено според меѓународна лиценца на IAB, а во негов склоп се доделуваат награди за најдобрите дигитални кампањи и дигитални алатки / платформи во областа на маркетинг комуникациите. Критериумите за оценување вклучуваат креативност, стратегија, изведба и користење на медиумите, како и постигнати резултати. Сите критериуми се подеднакво важни за донесување на конечната оценка и избор на победникот.

Жирито се состои од професионалци од сите сегменти на дигиталната индустрија – стратегија, креатива, продукција и медиумски закуп. Организатор на натпреварот е IAB Хрватска, здружение за интерактивен маркетинг, а апликациите се отворени до 08.03.2018 година. Правилникот за ова натпреварување се наоѓа на следниот линк: https://danikomunikacija.com/hr/natjecanja/mixx/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365