Home » Во фокусот » Отворени пријавите за WARC Media Awards 2018

Отворени пријавите за WARC Media Awards 2018

Со жирито ќе претседаваат Џери Дејкин од Diageо, Никол Кејн од McDonald’s, Лорен Алифат од Renault и Андрес Поло од Visа

WARC ги отвори пријавите за своите WARC Media Awards 2018, глобално натпреварување во кое се наградуваат комуникациските стратегии кои позитивно влијаеле врз резултатите од работењето за брендовите ширум светот.

Сега во својата трета година, WARC Media Awards има четири категории, од кои секоја има свое сопствено професионално жири и сет на специјални награди.

Категоријата- ефективна употреба на партнерства и спонзорства (Effective Use of Partnerships & Sponsorships), истражува како соработката со трети страни, вклучувајќи го и native огласувањето и спонзорството, им помага на брендовите да ги исполнат деловните цели. Џери Дајкин, директор на глобалните медиски партнерства во компанијата Diageo, ќе претседава втора година по ред во оваа категорија.

Категоријата за најдобра употреба на податоци (Best Use of Data) ја препознава улогата на податоците во ефективната комуникациска стратегија, а со жирито повторно ќе претседава Никол Кејн, директор за глобални медиуми во McDonald’s.

Категоријата-интеграција на ефективни канали (Effective Channel Integration) е во потрага на софистицирани комуникациски архитектури кои помагаат да се зголеми ефикасноста на кампањите. Лорен Алифат, директор на медиуми во Рено, ќе го предводи ова жири.

Категоријата – ефикасна употреба на технологијата (Effective Use of Tech) ќе ги награди комуникациите кои ефикасно користеле или комбинирале нови платформи или технологии во медиумски микс. Со ова жири ќе претседава Андрес Поло, потпретседател за дигитален маркетинг на Виза, за Јужна Америка и Карибите.

Апликациите на WARC Media Awards се бесплатни, а самите награди се “неутрални во дисциплини и агностички за прашањата на каналите”. Проектите се испраќаат во форма на студии на случај за ефикасност и можат да бидат пријавени од медиумски агенции, креативни агенции, сопственици на медиуми, дигитални агенции и експерти за податоци од целиот свет.

Златни, сребрени и бронзени награди ќе бидат доделени на оние со највисоки бодови во четирите категории, а наградниот фонд од 40.000 американски долари ќе биде поделен меѓу победниците на Гранд При и Специјалните награди во секоја од категориите.

Крајниот рок за пријавување е 19 септември 2018 година. Други детали за WARC Media Awards можете да пронајдете тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365