Шведската компанија која произведува заштитни препарати за дрво, Sioo:x, била во недоумица како да ги промовира своите производи. Можеби досадни, но сепак неоспорно важни, производите се извор на гордост за оваа компанија, а со цел да покажат колку се уверени во нивниот квалитет, компанијата одлучи да направи една навистина долготрајна кампања.
Имено, кампањата се состои од само еден билборд, дизајниран во соработка со нивната агенција Стендалс, а она што е посебно за “овој најдосаден билборд на светот” е тоа што ќе остане на истото место во следните 12 години!
Агенцијата создаде тристрани билборд од дрвени панели третирани од производите на Sioo:x, кои во наредните дванаесет години ќе се спротивстават на временските услови во крајбрежниот град Малме во Шведска, со цел да се демонстрира ефикасноста на производите.
Значи, продолжувањето на оваа приказна може да се очекува во 2030 година, ако не ја заборавиме дотогаш.