Home » Во фокусот » Овај бренд за вотка буквално ги прогонува корисниците во пресрет на Ноќта на вештерките

Овај бренд за вотка буквално ги прогонува корисниците во пресрет на Ноќта на вештерките

Користејќи го методот на ретаргетирање,  Svedka Vodka ќе се вовлече во вашиот дигитален свет и од темница ќе ве следи секаде каде што ќе одите

Брендот Svedka Vodka и нивната агенција Bensimon Byrne за претстојната Ноќ на вештерките (Halloween), ја креираа кампањата „BannerAd Curse“која го користи прилично омразениот метод на банери, со цел на забавен начин буквално да ги прогонува своите корисници.

Преку овај пристап заснован на методот на ретаргетирање, брендот сервира прилагодени банер огласи заради кои корисниците навистина ќе се почувствуваат дека се проколнати. Се почнува со една мамка, сезонски рецепти за коктели, кои се промовираат преку постови на социјалните мрежи и pre-roll огласи. Кога ќе кликнете на таков оглас, се пренасочувате на страницата на Svedka на која видеото подолу ве известува дека сте „проколнати“:

Откако ќе го погледнете клипот, „проклетството“ започнува и видео банерите почнуваат да ве следат секаде каде што ќе одите. Подолу можете да погледнете неколку примери на реклами кои ве опседнуваат по основ на вашата локација, навиките за пребарување, омилениот вид на вотка и слично.

Од проклетството може да се „ослободите“ така што ќе ја посетите страната на кампањата и ќе споделите  clickbait статии, како на пример оваа со наслов „Are Svedka Cocktails Part of a Curse?“Кога вашите пријатели ќе кликнат на статијата, клетвата се шири и кругот продолжува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365