Home » Во фокусот » Овие пред и потоа портрети го покажуваат влијанитето на социјалните мрежи на нашето ментално здравје

Овие пред и потоа портрети го покажуваат влијанитето на социјалните мрежи на нашето ментално здравје

M&C Saatchi и познатиот фотограф Ранкин ја прикажаа искривената перцепција на реалноста на социјалните мрежи во нивниот Visual Diet проект

Агенцијата M&C Saatchi и познатиот фотограф Ранкин спроведоа многу моќен проект наречен Selfie Harm, во рамките на пошироката иницијатива наречена Visual Diet, чија цел е подигнување на свеста за тоа како дигиталната култура влијае на нашето ментално здравје.

Проектот Selfie Harm, вклучува фотографии од 15 тинејџери кои Ранкин ги фотографирал, а потоа им дозволил да ги уредуваат фотографиите до точка во која сметале дека се “подготвени за објавување на социјалните мрежи”.

Прикажани една до друга, оригиналните слики и оние што субјектите сами ги уредувале, покажуваат колку нашата перцепција на реалноста е искривена на онлајн каналите, што несомнено има особено опасни ефекти врз помладата генерација.

Проектот Visual Diet, исто така, вклучува и изложба на пет инспиративни уметници во текот на јануари, како и Инстаграм профил и веб-страница, www.visualdiet.co.uk, каде што луѓето можат да гласаат кои слики имаат позитивен или негативен ефект.

M&C Saatchi исто така разви и дигитални постери кои ја користат технологијата на вештачка интелигенција кои ги читаат реакциите на луѓето додека минуваат покрај разни фотографии.

Џастин Тиндал, главен креативен директор на M&C Saatchi, по повод проектот изјави: “Она што го јадеме влијае врз нашите тела, па затоа внимаваме што јадеме. Она што го гледаме влијае врз нашите умови, но ретко внимаваме што гледаме. Време е да ја избалансираме и нашата визуелна исхрана.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365