Home » Во фокусот » Овој застрашувачки краток филм на финансискиот стартап Koho е спој на „Black Mirror“ и „They Live“

Овој застрашувачки краток филм на финансискиот стартап Koho е спој на „Black Mirror“ и „They Live“

Банките во своите реклами сакаат да зборуваат за вашите соништа – мирни пензионерски денови, сигурно образование за вашите деца, нова куќа со повеќе спални соби и знак „Продадено“ во дворот.

Но, во оваа долга реклама, или подобро речено брендиран краток филм насловен како „Dream Thieves“ („Крадци на соништа“), на канадската компанија Koho, банките не се претставени како овозможувачи на соништа, туку како нивни „жнеачи“, брутално „цедејќи“ ги парите и желбите на нивните клиенти. Не многу добра слика.

Овој дистописки и мрачен филм е првата позначајна адверајзинг кампања на Koho, финансиски стартап со своја припејд платежна картичка и апликација, преку кој сака да им се спротивстави на банкарската конкуренција. Филмот е осмислен од Џејсон Чејни, генерален креативен директор на компанијата, а режиран од Флер Форчун и продуциран од канадската агенција Cossette, каде што претходно работел Чејни.

Вљубениците во научната фантастика ќе забележат голем број на референци – некои суптилни, некои очигледни – кои упатуваат на филмови, серии, па дури и реклами. Иако целосниот амбиент на филмот може да ве потсети на модерната класика „Black Mirror“ на Netflix, според креаторите, во филмот има 30 различни референци кои упатуваат и на филмовите „They Live“, „A Clockwork Orange“, „Poltergeist“, иконската реклама „1984“ на Apple итн.

Погледнете го филмот:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365