Home » Во фокусот » Пи Ворлд ќе ја промовира книгата „Тајните на светските ПР експерти“

Пи Ворлд ќе ја промовира книгата „Тајните на светските ПР експерти“

Светски познатата македонска компанија за организација на маркетинг настани Пи Ворлд на македонската публика ќе и ја претстави својата прва стручна книга „Тајните на светските ПР експерти“. 

Tajnite na svetskite PR ekseprti

Промоцијата ќе се одржи на 30.09.2016 година на најголемиот маркетинг настан во Македонија „Маркетинг Кингдом“, кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас во Скопје.  Книгата ќе биде во продажба од 3-ти октомври 2016 година во сите книжарници на Издавачкиот центар ТРИ, како и на kniga.com.mk

Книгата е напишана од 12 светски експерти за односи со јавноста и нуди решенија за предизвиците во професијата. Нуди интересни идеи и размислувања на овие експерти за совладување на односите со јавноста во свет на постојани промени. Одлучивме да ја промовираме пред стручната јавност во Македонија со поддршка на Агенцијата за односи со јавност Чептер 4 Македонија“, вели Коста Петров, основач и сопственик на Пи Ворлд, уредник на книгата „Тајните на светските ПР експерти“.

Според неговата колешка, Мери Џо Џејкоби-Џефсон, оваа книга е различна од останатите затоа што собира „богатство од лични искуства и практични совети“.

Четириесет години во индустријата на комуникации и односи со јавност ме научија како да препознаам вистински експерт, а секој член на оваа фасцинантна група автори, индивидуално, е вистински пример за тоа. Заедно, тие претставуваат богатство од лични искуства и практични совети, кои нема да ги најдете на друго место. Како експерти, сите се зафатени личности, кои активно работат на корпоративните побарувања или побарувањата на клиентите, водат стратегиски сесии за размена и дискусија на мислење и се справуваат со куп барања. Големо барање е да ги убедите да ги споделат со читателите нивните грижливо чувани професионални тајни со пишување поглавје за оваа колекција. Фактот што ова издание постои кажува многу за нашиот уредник, раководител на овој проект, македонската инспирација, Коста Петров“, вели Мери Џо Џејкоби-Џефсон. 

Книгата која ги содржи размислувањата на меѓународните експерти од индустријата на односите со јавноста може да се купи во книжарниците низ Македонија. „Тајните на светските ПР експерти“ е поддржана од Агенцијата за односи со јавност Чептер 4 Македонија, која годинава одбележува пет години функционирање на македонскиот пазар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365