Home » Extra 5 » Пад на акциите на Nike откако се одлепи патиката на младата кошаркарска ѕвезда Зајон Вилијамсон

Пад на акциите на Nike откако се одлепи патиката на младата кошаркарска ѕвезда Зајон Вилијамсон

Вредноста на акциите на брендот за спортска опрема Најк падна за околу 1%, еквивалентно на 1.12 милијарди долари од вредноста на брендот, после кошаркарскиот натпревар од американската универзитетска лига помеѓу екипите на Duke и UNC. Имено, ѕвездата на Duke University и еден од „најжешките“ потенцијали за НБА лигата, Зајон Вилиајмсон, се повреди на самиот почеток од натпреварот кога неговите патики, модел Nike PG 2.5, се одлепија.

Брендот веднаш објави соопштение во кое на играчот му посакуваат брзо заздравување, истакнувајќи дека се работи за „изолиран случај“ кој детално ќе го испитаат бидејќи квалитетот на нивните производи е од највисока важност.

После инцидентот, Најк „трендираше“ на Твитер, здобивајќи се со доста лош публицитет, а кон критиките се придружи и конкуренцијата. Пума твитна дека повредата не би се случила доколку играчот носел нивни патики, но твитот беше набрзо избришан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365