Home » Во фокусот » Pandora го лансираше “Pandora Plus” – нов стриминг сервис за 5 долари месечно

Pandora го лансираше “Pandora Plus” – нов стриминг сервис за 5 долари месечно

The Amazon.com Inc. Prime Music mobile app is displayed on an Apple Inc. iPhone 5 for a photograph in San Francisco, California, U.S., on Thursday, June 12, 2014. Amazon.com Inc. introduced advertising-free music streaming with more than a million songs, ramping up competition against Apple Inc., Spotify Ltd. and Pandora Media Inc. Photographer: David Paul Morris/Bloomberg via Getty Images

Пандора денес го објави лансирањето на новиот премиум музички сервис наречен ” Пандора Плус “. Иако оваа услуга не нуди целосна алтернатива на Spotify , во смисла на on-demand слушање, новата опција кој ќе се нуди за цена од 4,99 $ месечно ќе нуди поширок сет на функции, вклучувајќи ја и можноста да прескокнете повеќе песни, повеќе пати да ги повторувате омилените и да имате поддршка за офлајн слушање.

Новата услуга ќе ја замени постоечката платена опција , Pandora One, која имаше фокус само на отстранување реклами.

Ова соопштение дојде пред неколку дена откако компанијата потврди дека се стекнала со лиценци и права од трите најголеми музички издавачи, Sony Music, Universal Music и Merlin Network, кои претставуваат околу 20.000 независни “иматели на музички права“. Покрај тоа , Пандора склучи договор со дистрибуторот The Orchard (во сопственост на Sony) , и со повеќе од 30 други независни дистрибутери.

blog_article_hero_replays

Се подразбираше дека купувањето на овие лиценци ќе и овозможи на компанијата да го прошири својот бизнис заради подобро справување со конкурентските услуги како што се Spotify и Apple Music.

Од Пандора , исто така, објавија дека опцијата музика на барање (on-demand) ќе пристигнe подоцна оваа година.

Пандора Плус во моментов има каталог од околу 2 милиони музички дела, кој секако ќе расте со текот на времето, велат од компанијата.

“Но, за нас, не е толку важен квантитетот, туку квалитетот на базата со песни “, вели потпретседателот на производот на Пандора , Chris Becherer, кои се приклучи на компанијата после стекнувањето на Rdio . “Со овие нови партнерства, ние сме во можност да ја зголемиме базата на песни и да се направи што е можно повеќе интересни работи со неа.”

blog_article_hero_offline

“Способноста да ја повторувате вашата омилена песна е нешто што не било претходно достапно на интернет радио”, додава тој.
Опцијата за офлајн слушање, во мувреме ќе емитува кратка информативна порака дека ќе се изгуби конекција, со што лесно ќе ве префрлиме на една од вашите четирите најдобри станици, вклучувајќи го и вашиот персонален Thumbprint радио , и другите станици кои сте ги слушале често.

Проширувањето на Пандора доаѓа во време кога многу потрошувачи се свртуваат кон on-demand стриминг услуги наместо кон радио услуги . Spotify оваа недела објави дека достигна 40 милиони пејд претплатници , , а Apple кажа дека на својот iPhone 7 настан доби 17 милиони луѓе кои сега се претплатите на Apple музика , за разлика од 13 милиони пријавени во април .

Пандора има 78.1 милиони корисници, но само околу 4 милиони платиле за Pandora One. Неговиот кориснички раст исто така, се намали , што предизвика следеноста да падне во ноември минатата година по објавувањето на информацијата за криза во слушаност од претходниот квартал.

Со новата Pandora Plus услуга, компанијата верува дека ќе задоволи повеќе желби на клиентите. Типичен американски потрошувач потрошил од $40 до $ 60 годишно на музика, објаснува Becherer – додека уплата за Spotify чини околу $ 120 годишно.

Video реклами за ad-supported корисници
Слушателите сега ќе имаат способност за повеќе контрола на нивните рекламни искуства. Со тоа, на нив ќе им се даде можност да прескокнат повеќе песни и да слушаат повторно и повторно повеќе песни, без да плаќаат месечна претплата.
Оваа функција е слична на претходно лансираната “спонзорирано слушање”, која нуди можност привремено да се елиминираат рекламите за време на гледање на одредено видео. Pandora разумно ги таргетираше корисниците за да достигне зголемен буџет и користење (upsells) со следење и гледање на однесувањето на корисниците.

Таа потоа ќе одлучи дали да се направи upsell за спонзорирано слушање, дали ќе користи можност за прескокнување на песни или ќе премине на надградба на Пандора Плус, врз основа на активностите на корисникот во апликацијата.

02_replay_coachmark

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365