Градот Париз го тужи Airbnb заради објавување на 1.000 нелегални огласи за изнајмување на сместување, што оваа американска компанија може да ја чини 12,5 милиони, изјави во неделата градоначалникот на Париз, Ан Идалго.
Според францускиот закон, сопствениците на куќи во Париз може да ги изнајмуваат нивните имоти на платформите за краткотраен закуп до 120 дена во годината. Рекламите мора да содржат регистарски број, со цел да се обезбеди дека имотот не се изнајмува за подолг временски период.
Франција во 2018 година донесе закон со кој компаниите како Airbnb ќе се казнат со парична казна од 12.500 евра за нелегална објава, што е нова одредба која ќе му послужи на градот Париз за време на судската постапка против Airbnb, изјави Идалго.
“Целта е да се испрати порака и засекогаш да се стави крај на неовластеното изнајмување”, рече таа.
Неколку градови низ целиот свет изразија загриженост дека платформите како Airbnb претставуваат нелојална конкуренција на хотелите и дека некои населби може да се претворат во стерилни туристички зони.
Портпаролката на Airbnb изјави дека се импламентирани мерки кои би требало да им помогнат на париските корисници со цел нивните интернет страници бидат во согласност со европските правила, но додаде дека правилата во Париз се “неефикасни, непропорционални и во спротивност со европските правила”.
Франција е вториот најголем пазар на Airbnb, после САД, а Париз, еден од најпосетените градови во светот, е најголем независен пазар, со околу 65.000 регистрирани станови и куќи за изнајмување.
Airbnb, која беше основана во 2008 година во Сан Франциско, е компанија која ги поврзува луѓето кои сакаат да изнајмат цел или дел од својот дом на привремени гости преку преку веб-страница.