Home » Во фокусот » Пасивното мерење на рекламите е од клучно значење

Пасивното мерење на рекламите е од клучно значење

Повеќето мерења на рекламите сеуште се потпираат на несовршената човечка меморија и нејзината изложеност на реклами, а со тоа го игнорираат ефектот од рекламирањето на оние кои активно не се сеќаваат дека ја виделе реклама

Три четвртини од потрошувачите, кои беа изложени на дигитални реклами не се сеќаваат дека ги виделе, открива едно истражување кое го покренува прашањето за ефикасноста на традиционалните методи за мерење на рекламирањето.

Компанијата On Device Research, која е посветена на ефикасноста на брендовите, анализирала 3.000 одговори на потрошувачите од десет студии за влијанието на дигиталните реклами, во седум категории на огласување и заклучи дека 76% од луѓето за кои истражувачите знаеле дека им се прикажани реклами, не можеле да се сетат дека ги виделе овие реклами.

Потоа испитаниците изложени на реклами се поделени во подгрупи на Активни сеќавања и Пасивна изложеност, а кај вторите е откриен раст во т.н.Unaided Brand Awareness од 10,2%, но, и раст во намерата за купување од 1,6%, иако овие потрошувачи не можеле да се сетат дека ја виделе рекламата.

Исто така, зголемувања се забалежани и во областите Top of Mind Awareness (5.9%) и Brand Consideration (2.3%).

Со тоа се доаѓа до заклучок дека дигитални реклами имаат пасивно влијание врз сите мерења на влијанието на брендот, без оглед на способноста на корисниците да се сетат на рекламата.

Во случаите кога потрошувачите активно можеле да се сетат на рекламите, било откриено “значително влијание врз бренд метриката”.

Потрошувачите кои активно можеле да се потсетат на рекламите имале три пати поголема свесност за брендот од пасивните потрошувачи. Кога станува збор за Brand Consideration вредностите се и до шест пати повисоки, а кај Purchase Intent, вредноста е и до седумнаесет пати повисока.

Една можните причини е тоа што потрошувачите кои активно се сеќавале се веројатно веќе постоечки потрошувачи на брендот, бидејќи веројатноста за отвореност кон рекламирањето на брендот е многу поголема за веќе постоечките клиенти.

Алистер Хил, извршен директор на компанијата On Device Research, истакна дека повеќето мерења на рекламите сеуште се потпираат на несовршената човечка меморија и нејзината изложеност на реклами, а со тоа се игнорира ефектот од рекламирањето на оние кои активно не се сеќаваат дека ја виделе рекламата.

“На овој начин се потценува вкупниот ефект на кампања за брендот”, вели тој, и додава: “За да се реши овој проблем, клучно е истражувачката индустрија да вклучува и пасивно мерење на рекламите, за да се осигура дека огласувачите добиваат вистинска слика за ефективноста на нивните реклами. “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365