Home » Digital » Пазар3 – десет години најснабден пазар во Македонија

Пазар3 – десет години најснабден пазар во Македонија

Водечкиот македонски портал за онлајн тргување, Пазар3 (www.Pazar3.mk), деновиве прослави 10 години од своето постоење, заокружувајќи една успешна етапа во својот развој позиционирајќи се како најголем провајдер на услуги за онлајн огласување, купување и продажба на стоки и услуги.

FOTO1_ pazar 3 ilustracija

Со повеќе од 70,000 посетители дневно и над 1500 објавени огласи секој ден, Пазар3 го носи епитетот на најпосетен и најснабден веб пазар во Македонија – почетна страна на илјадници македонски граѓани и компании кои користејќи ја оваа платформа, секојдневно купуваат, огласуваат и продаваат разно-разни артикли и услуги.

Ајлин Шеали, извршен менаџер на Пазар3, по повод овој убав јубилеј изјави: “Среќни сме што Пазар3 во овие 10 години успеа да биде препознаен како незаменлив партнер на многу граѓани, компании и огласувачи и секако еден од главните “виновници“ за развојот и афирмацијата на електронското тргување во земјава. Нашиот успех во овие 10 години е само обврска да бидеме уште попосветени во годините што претстојат и секогаш да бидеме во дослух со желбите и потребите на нашите корисници

Во наредниот период од Пазар3 најавуваат уште многу новитети и подобрувања со цел корисничкото искуство со платформата да биде уште попријатно, но и нови услуги кои ќе ја продолжат револуцијата во е-трговијата во земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365