Home » Во фокусот » Пепси го прославува 120 роденден со римејк на рекламата од 1992 година со Синди Крафорд

Пепси го прославува 120 роденден со римејк на рекламата од 1992 година со Синди Крафорд

Синди Крафорд се враќа во еден вид римејк на рекламата за Пепси од 1992 година

Пепси се враќа во минатото за својата 120-годишнина и ја оживува ТВ рекламата од 1992 година со супермоделот Синди Крафорд. Компанијата, исто така, ја враќа својата ретро амбалажа и ќе има и турнеја со pop-up активации во САД, со цел да го одбележи своето 120 годишно постоење во светот на поп културата.

Глобалната кампања „Pepsi generations“ ќе започне со Супер Боул-от во САД, со нова телевизиска реклама наречена “Ова е Пепси” во која ќе се појави Крафорд и нејзиниот син Присли Гербер.

Кампањата ќе се спроведува во текот на 2018 година на 55 пазари ширум светот, и ќе го вклучи целото портфолио на Пепси, меѓу кои и Pepsi, Pepsi Zero Sugar и Diet Pepsi. Од 29-ти јануари Пепси, исто така, ја враќа својата ретро амбалажа на одредени избрани пазари ширум светот.

Оригиналната реклама со Синди Крафорд од 1992 година ја работеше агенцијата BBDO, и можете да го погледнете подолу.

Чад Стубс, потпретседател за маркетинг во Пепси Северна Америка, изјави: “Од кога е основан нашиот бренд пред повеќе од еден век, Пепси секогаш го претставуваше младешкиот дух и изборот на новата генерација. 2018 година ќе биде година за  прослава на минатото, со прифаќање на иднината, секогаш потсетувајќи ги потрошувачите да го прават она што го сакаат и да се забавуваат во животот “.

Минатата година, Пепси се соочи со сериозни критики поради рекламата со Кендал Џенер, во кои оваа телевизиска ѕвезда донесува мир помеѓу демонстрантите и полицијата, користејќи Пепси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365