Home » Во фокусот » PepsiCo ја купи израелската SodaStream за 3,2 милијарди долари

PepsiCo ја купи израелската SodaStream за 3,2 милијарди долари

Гигантот во производство на пијалоци PepsiCo го купи израелскиот производител на газирани пијалоци SodaStream за 3,2 милијарди долари

PepsiCo соопшти дека ги купи сите акции на SodaStream за 144 долари по акција, што е за 32 отсто повеќе од 30-дневниот просек на нивната цена.

Претходно овој месец, SodaStream објави дека ги има најдобрите резултати во работењето во историјата на компанијата, раст од 31 во приходите на 172 милиони долари, скок од 80 % во растот на оперативниот профит на 32 милиони долари, како и скок од 82% во вкупната добивка од 26 милиони долари.

Директорката на PepsiCо, Индра Нуи, изјави дека двете компании се “инспиративен пар”.

Пред три години, SodaStream ја затвори својата фабрика на Западниот брег за време на меѓународниот бојкот и отвори нова фабрика длабоко во израелската пустина, Негев. Актерката Скарлет Јохансон претходно беше амбасадор на оваа компанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365