Home » Во фокусот » Пивара Скопје и Coca-Cola ја донираа 12-тата „Coca-Cola Активна зона“ во Кавадарци

Пивара Скопје и Coca-Cola ја донираа 12-тата „Coca-Cola Активна зона“ во Кавадарци

Кавадарци денес ја доби својата „Coca-Cola Активна зона“, а кавадарчани им се придружија на илјадниците граѓани што веќе уживаат во единаесетте атрактивни „Coca-Cola“ спортско-рекреативни зони отворени низ цела Македонија. Новото собирно место за кавадарчани од сите генерации е донација од компанијата „Coca-Cola“ и од Пивара Скопје, и е одлична локација за дружење, забава, рекреација и дополнително поттикнување на навиките за активен живот.

„Ми претставува особено задоволство што денес, во еден од најспортските градови во Македонија ја отвораме дванаесеттата по ред Coca-Cola Активна зона. Исправноста на нашата одлука за поставување на Coca-Cola Активна зона во Кавадарци, ја потврдува и големиот број на присутни денеска, дотолку повеќе што оваа зона доаѓа токму на барање на кавадарчани. Успешноста и резултатите од проектот се евидентни – за 3 години поставивме 12 Активни зони ширум Македонија, а секојдневно ни пристигнуваат нови барања за отворање на Aктивни зони и во другите општини. Преку платформата ‘Coca-Cola Активни зони’, освен што поттикнуваме иницијатива за активен начин на живот, спорт и рекреација, промовираме концепт со опсежни придобивки за целата заедница од аспект на инклузија на граѓаните од различни категории со ист интерес. И понатаму продолжуваме со проектот ‘Coca-Cola Aктивни зони’, па многу брзо се гледаме на нова локација со нова ‘Coca-Cola Aктивна зона’“, рече Владимир Косијер, Генерален директор на Пивара Скопје на денешното свечено отворање на „Coca-Cola Активната Зона“ во Кавадарци.

Кавадарци е дванаесеттата општина опфатена со овој проект, која им се придружува на општините Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш, како и на трите локации во Скопје ‒ на Кејот на реката Вардар, во Општина Гази Баба и Општина Чаир.

На отворањето присуствуваа голем број жители на општината што со нетрпение очекуваа да ги испробаат новите справи. За придобивките од зоната за кавадарчани и за соработката со Пивара Скопје, градоначалникот на Општина Кавадарци, г. Митко Јанчев рече:

„Од името на Општина Кавадарци и кавадарчани, им благодариме на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola за донацијата и за тоа што излегоа во пресрет на барањата на кавадарчани, и Кавадарци да стане дел од овој голем и благороден проект, бидејќи на ваков начин се покажува и се докажува како на дело се негуваат долгорочните партнерства чии придобивки ги ползуваат сите граѓани. Ги поканувам моите сограѓани да ја чуваат и да ја негуваат оваа спортска зона што го краси нашиот град, затоа што таа сега е нивна и треба совесно и одговорно да се однесуваат кон неа. Општина Кавадарци работи уште на неколку проекти преку кои веруваме дека спортскиот дух уште повеќе ќе се развие, но и дека ќе овозможиме подобри услови за младите талентирани спортисти“.

„Coca-Cola Активните зони“ се сочинети од професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, и тоа 24 часа. Проектот „Coca-Cola Активни зони“ е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola, која се однесува на промоција на активниот живот, но и чинење добробит во заедницата преку инклузија на сите граѓани, со цел на сите еднакво да им се овозможи место за спорт, рекреација и дружење. Како дел од истата платформа, изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата Coca-Cola реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Coca-Cola фудбалскиот куп“, бесплатните паркиралишта за велосипеди, како и 11-те „Coca-Cola Активни зони“ за жителите од Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш и од Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365