Home » Во фокусот » Плакатите на Фејсбук “нападнати“ во Лондон од анонимен уличен уметник

Плакатите на Фејсбук “нападнати“ во Лондон од анонимен уличен уметник

Анонимен уличен уметник за своја мета во Лондон овие денови го избра Фејсбук и нивните плакати кои се наоѓаат на станиците на градскиот превоз

Фејсбук е во голема глобална кампања со која сака да се дистанцира од скандалите кои го потресуваат светот во врска со лажните вести, протекувње на личните податоци и мешање во изборите.

Порката која ја испраќа Фејсбук напишана на плакатите гласи: “Fake News is not our friend“ (Лажните вести не се наш пријател), а во Лондон на секој плакат е додадено “… но се одличен извор на приходи”.

Како што пишуваат светските медиуми, протестот е дело на анонимен уличен уметник по име Protest Stencil, кои сликите со “корегираните” постери ги споделува на социјалните мрежи.

Исто така, на пораката “Злоупотребата на податоци не е наш пријател”, Protest Stencil додава “… но тоа е нашиот бизнис модел”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365