Home » Digital » Платената телевизиска програма забележува пад во Источна Европа

Платената телевизиска програма забележува пад во Источна Европа

Бројот на корисници на платена ТВ програма во источна Европа се превидува дека ќе забележи пад од 1 милион корисници во периодот од 2016-2022.

Падот на платите, како и примораноста за потрага по работа  во странство и ниските стапки на раст на наталитетот, се фактори кои се појавуваат во 15 од 22 држави опфатени во истражувањето Eastern Europe Pay-TV Forecasts.
Овие фактори допринесуваат за трендовите на пад на користеноста на платената ТВ програма во Источна Европа според Simon Murray, аналитичар во Digital TV Research.
Според Murray, бројот на домаќинства кои користат ТВ ќе опадне во 18 држави во периодот од 2016 до 2022 во однос на вкупниот број на корисници од регионот намалувајќи се за 2.000.000.

Murray додава  дека ТВ провајдерите се конвертираат во FTA DTT наместо во поскапата опција за дигитални –платени платформи.

Бројот на претплатници за дигитална телевизија ќе се зголеми од 25 милиони (20.2% од домаќинствата) од  2010 до 58 милиони (45.8%) во 2016 до 77 милиони (61.0%) до 2022 година.

2017 ќе биде добра година за ТВ во Источна Европа. Аналогната кабелска телевизија опфаќала 28% од 81 милионската публика на претпалтени корисници на Тв на крајот од 2016 година. Па затоа дел од 23 милионската публика на претплатници ќе се претплати на FTA DTT наместо да премине на дигитална платформа.

Во Русија ќе се претплатат скоро половина од регионалните претплатници до 2022 година, меѓутоа бројката на претплатници за платена ТВ програма ќе опадне во 10 држави во периодот помеѓу 2016 и 2022 година.

Профитот од платената телевизија во Источна Европа ќе достигне до $6.11 милијарди во 2017. Аналогната кабловска телевизија ќе достигне профит од $1 милијарда во 2017, и ќе опаѓа до $184 милиони во 2022 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365