Home » Во фокусот » Плејбој заради приватност го напушта Фејсбук

Плејбој заради приватност го напушта Фејсбук

Компанијата Playboy Enterprises соопшти дека се повлекува од Фејсбук поради големиот скандал околу приватноста на оваа социјална мрежа

Во соопштението се наведува дека “Плејбој” е тешко да ги “изрази своите вредности” поради строгите правила на Фејсбук кои вклучуваат ограничувања во прикажувањето голотија.

Плејбој тврди дека наводно, лошото управување со податоците е капката што ја прели чашата.

Околу 25 милиони луѓе се поврзани со сајтовите на Плејбој на Фејсбук, а компанијата соопшти дека ќе ги затвори сите профили со кои директно управува.

И други компании презедоа слични чекори, вклучувајќи ги и Mozillа, потоа SpaceX и Tesla на Илон Маск и германската Commerzbank.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365